Вештачката интелигенција наскоро ќе може да открива рана фаза на тешки болести кај луѓето

297

Новиот модел на вештачка интелигенција на Google може да анализира аудио снимки од кашлање, кивање и отежнато дишење и да ги користи за откривање на раните знаци на сериозните болести.

Google обучи еден од своите основни модели со вештачка интелигенција со 300 милиони аудио снимки кои вклучуваат кашлање, шмркање и отежнато дишење за да идентификува, на пример, некој што се бори со туберкулоза, пренесува Techcrunch.

Google сега соработува со индиска компанија – Salcit Technologies, стартап за респираторна здравствена заштита.

Идејата на новиот проект е да се поврзе новата технологија со паметните телефони и на тој начин да им се помогне на високоризичните популации во географските области со слаб пристап до здравствена заштита.

Ова не е прв обид на Google да ги дигитализира човечките сетила. Компанијата поддржа стартап кој користи вештачка интелигенција во обид буквално да „намириса“ болест.