Двајцата бугарски пилоти загинаа во падот на воениот авион – се запалил веднаш штом се урнал/ВИДЕО

106

Во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија денеска се случи катастрофа кога воениот тренинг авион „Аеро Л-39ЗА Албатрос“ се урна при изведување на многу тежок маневар на мала височина, јавува бугарската државна телевизија.

Во несреќата загинале пилотот и инструкторот.

Инцидентот се случил за време на подготовките за утрешните демонстрации.

На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа од авионската несреќа.

По падот на авионот за обука дојде до пожар.

Се уште не е јасно како дошло до несреќата.