Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска рече дека овие средства се наменети за инфраструктурни проекти, а не за основни средства како што е набавка на автобуси. Перински напомена дека апликацијата на Град Скопје ќе биде разгледана и оценета на ист начин како и апликациите од другите локални самоуправи.
На јавниот повик зеле учество 80 општини со 357 апликации, што значи, како што рече Перински, дека секоја општина аплицирала со повеќе проекти
Веројатно, Владата нема да ги прифати проектите на скопската градоначалничка, Данела Арсовска, со кои аплицираше таа за купување автобуси, на јавниот повик за финансиска поддршка на општините што го распиша Министерството за локална самоуправа.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска рече дека овие средства се наменети за инфраструктурни проекти, а не за основни средства како што е набавка на автобуси. Перински напомена дека апликацијата на Град Скопје ќе биде разгледана и оценета на ист начин како и апликациите од другите локални самоуправи.
Сепак, вели Перински, треба да се види исходот од евалуациските комисии, низ чии раце ќе поминат сите поднесени апликации за проекти од општините, па потоа да се носат заклучоци.
– Целта на јавниот повик е подобрување на инфраструктурата во оние делови каде што локалните самоуправи немаат услови или можност да инвестираат – изјави Перински на вчерашната прес-конференција.
Тој потенцираше дека очекувањата на Владата во однос на овој јавен повик се исполнети. На јавниот повик зеле учество 80 општини со 357 апликации, што значи, како што рече Перински, дека секоја општина аплицирала со повеќе проекти.
Сега, општините треба во рок од 10 дена да ја достават целата проектна документација до ресорните министерства, каде што ќе се врши евалуација, која ќе трае не подолго од 10 дена.
Потоа тие да ги достават на владина седница, на усвојување. Се очекува целата постапка да заврши до крајот на годината.
Средствата ќе се доделат преку шесте ресорни министерства соодветни од областа на проектите: Министерството за култура и туризам, Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за спорт.
Перински нагласи дека во првата фаза на општините им се ставени на располагање 100 милиони евра, додека следната година ќе им бидат дадени уште 250 милиони евра, кога ќе биде распишан нов јавен повик.
(А.П.)