Во подкастот „The School of Greatness“, милионерката Коди Санчез, која е позната по тоа што дава деловни и финансиски совети, одговараше на многу прашања и објасни како да се постигне успех, а еден одговор предизвика најголемо внимание на социјалните мрежи.
Во подкастот Коди Санчез го издвои според неа клучниот совет што да се избегнува кога се финансиите во прашање и одговорот бил неочекуван.
Коди рече дека една од најголемите грешки што ги прават луѓето е верувањето дека штедењето ќе им донесе богатство. Како што објаснила, штедењето не е начинот на кој ќе станеме побогати, што подетално го објаснила во разговорот.
View this post on Instagram
„Штедењето никогаш нема да ве направи богат, ќе останете сиромашни. Или каде веќе сте кога се во прашање финансиите. Да, тоа е точно. Секогаш можете да заштедите и да се вратите на нула, нели? Можете да заштедите на храна, патување, се што може да ви донесе малку радост во животот. Но, многу е полесно да заработите повеќе отколку да заштедите колку што ви треба. Кога еднаш ќе научите како да заработувате пари, вие сте незапирливи“, рече Коди.
„Не мислам дека некој ќе стане незапирлив со штедењето, напротив стануваш плашлив и опседнат да видиш на што ќе заштедиш. Многу е тешко да заработите пари ако сте опседнати со штедење. А многу, многу богатите луѓе не размислуваат за штедење“, рече таа и заклучи дека фокусот е на зголемување на финансискиот капитал, а не на неговата стагнација, односно на штедење и враќање на претходната финансиска состојба.