Бела Рада Манојловиќ – нема време да се омажи

1732

Каква „штета“ е тоа!

Популарната Рада Манојловиќ, која нагалено ја нарекуваат Бела Рада, досега ќе се омажеше, ама, ете, нема време. Така вели таа.

– Значи, имам многу малку време. Кај да најдам време за мојата свадба? Единствено сестра ми да ми закаже некој соодветен термин. Не е дека немаше „повици“ за мажење, но тоа одзема многу работа и енергија, а јас немам енергија за таква тридневна журка. Премногу сум изморена. Не, не се правам нешто паметна, но сè што работам, го правам само ако целосно му се посветам на тоа за да биде како што треба – објаснува згодната Рада.

Така е и во работата со менаџерот. Не сакаше деловната соработка и понатаму да ѝ биде половична. Го отпушти менаџерот по 15 години.

– Не знам како да ви го објаснам тоа. Да земам и да си ја удрам главата од ѕид за да ви стане појасно? Уште во 2015 година требаше да пресечам некои работи, но никогаш не е доцна.

Рада и понатаму е актуелна со провокативната песна што често се слуша и во Македонија, меѓу нејзините македонски обожаватели, а стиховите се: „Нисам дрогирана да се дружим с бившем , хајде с твојом рибом да се зближим…“

Д.М.