Кремљ: Изјавата на Путин за последиците од нападот врз Русија сигурно стигнала до примателите

170
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Кремљ не се сомнева дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за последиците од можните удари со западно оружје длабоко на руска територија стигнала до наменетите приматели, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Изјавата што Путин ја даде вчера е многу важна, крајно јасна, недвосмислена и не дозволува никакви двојни толкувања“, изјави претставникот на Кремљ, пренесува РИА Новости.

Путин во четвртокот рече дека земјите од НАТО сега разговараат не само за можноста за користење на западно оружје со долг дострел од страна на украинската војска, туку и за директно вклучување во конфликтот во Украина.