Две лица во Црна Гора заразени со „кју-треска“

45

Во Црна Гора за две лица е потврдено дека се заразени со предизвикувачкиот агенс на „кју-треска“, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора. Двете лица не пријавиле никакви тегоби при тестирањето, но навеле дека во претходниот месец имале симптоми кои одговараат на оваа болест. Заразените лица живееле на фарми во Даниловград.

Во оваа општина во повеќе случаи се евидентирани инфекции кај домашните животни. Исто така, во општина Никшиќ во текот на 2024 година е регистрирана „кју-треска“ кај животни во шест различни фарми. Завршен е епидемиолошки надзор во четири фарми, каде не е регистрирано заболување кај изложените лица. Надзорот во две фарми е во тек.

Според законот на Црна Гора, „кју-треската“ кај луѓето мора да се пријави кај властите. На почетокот на годинава беа потврдени уште два случаи, еден во Бијело Поље и еден во Подгорица.

„Кју-треска“ е најчеста зооноза, широко распространета низ целиот свет, особено во руралните области. Во Хрватска редовно се појавува на крајот на зимата или на пролет, за време на јагнењето на овците, па затоа е исклучителнa сезонски. Тоа е болест на некои диви и речиси сите домашни животни, меѓу кои се одржува, и се пренесува со вектори (крлежи).

Меѓу домашните животни, најчестиот резервоар и извор на болести за луѓето се овците и козите, иако тие можат да бидат и коњи, говеда, мачки, живина и кучиња. Кај нас најважен извор на зараза се овците, а потоа козите и говедата.