Градот Скопје ги заврши градежните работи за реконструкција на улица „Славејко Арсов“ во општина Центар, со што се исполнува уште едно ветување за реализација на проект од програмата За модерно Скопје.
-Целосната реконструкција на коловозот на улицата „Славејко Арсов“ која беше во катастрофална состојба и нејзините краци беше изведена на барање на жителите со цел зголемување на безбедноста и сигурноста во сообраќајот во овој дел од градот. Градежните работи на површина од 4.700 квадратни метри и должина од 1.000 метри, ги изведе јавното претпријатие „Улици и патишта“ – соопштија градските власти.