СИЛНА ПОРАКА ОД САНКТ ПЕТЕРБУРГ: Русија и Кина ги бранат принципите на праведен светски поредок

247
EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Претседателот на Русија Владимир Путин во Санкт Петербург се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

„Русија и Кина ги бранат принципите на праведен светски поредок, а овие принципи ги поддржуваат земјите од Глобалниот југ, односно мнозинството во светот“, рече рускиот претседател.

Рускиот претседател претходно им се обрати на претставниците на земјите-членки на БРИКС за безбедносни прашања кои се собраа во Санкт Петербург.

Тој рече дека во рамките на БРИКС, Русија посветува големо внимание на безбедносните прашања и дека организацијата има акумулирано значително искуство во одговорот на безбедносните предизвици.

„Градиме навистина солидно искуство на соработка акумулирано од БРИКС во одговорот на заканите од тероризам и екстремизам, илегалната трговија со оружје и дрога, транснационалниот криминал и илегалната миграција. Меѓу конкретните резултати од заедничката работа на земјите од БРИКС, го издвојувам создавањето на посебен електронски регистар за размена на податоци за компјутерски напади и инциденти. Одлуката за формирање совет за финансирање тероризам и перење пари во БРИКС е во завршна фаза“, изјави Путин.