Специјалното полициско одделение на црногорската полиција по наредба на Специјалното државно обвинителство утрово уапси неколку лица во Будва.
Уапсени се членови на организирани криминални групи, дознава „Вијести“ од Подгорица.
Поради апсење на членови на мафијашкиот клан утрово беа блокирани неколку улици во Будва.
Според податоците на „Вијести“, извршени се претреси во повеќе станови и куќи.