Легендарното „Пампурче“, место патници, „вози“ ѓубре

101

Познатото и легендарно вовче „Пампурче“, кое е лоцирано во реонскиот парк во Ѓорче Петров, е полно со отпад и се шири смрдеа од него. Однадвор е исчкртано и е со отворени вагони, кои се полни со разни кабли, жици, картонски кутии, гајби и со што ли уште не. Ѓорчепетровци објавија на социјалните мрежи фотографии од состојбата во која се наоѓа „Пампурчето“. Велат дека е срам за општинските власти што го оставиле на забот на времето. Додаваат дека не се оправдува ваков вандализам, бидејќи се плаќаат чувари во паркот каде што е паркирано.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, пак, тврди дека „Пампурчето“ не е оставено на забот на времето. – Сме ја разгледувале опцијата за дислокација на вовчето, со цел да се зачува автентичноста и да добие на видливост. Тоа би било, исто така, во паркот. Ние редовно го одржуваме, но, за жал, постојат многу несовесни жители, кои го сквернават и валкаат – потенцира Стојкоски за весникот ВЕЧЕР  

Познатото и легендарно вовче „Пампурче“, кое е лоцирано во реонскиот парк во Ѓорче Петров, е полно со отпад и се шири смрдеа од него. Однадвор е исчкртано и е со отворени вагони, кои се полни со разни кабли, жици, картонски кутии, гајби и со што ли уште не.

Ѓорчепетровци објавија на социјалните мрежи фотографии од состојбата во која се наоѓа „Пампурчето“. Велат дека е срам за општинските власти што го оставиле на забот на времето. Додаваат дека не се оправдува ваков вандализам, бидејќи се плаќаат чувари во паркот каде што е паркирано.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, вели дека познатотото вовче „Пампурче“ или „Ќиро“ не е оставено на забот на времето.

– Сме ја разгледувале опцијата за дислокација на вовчето, со цел да се зачува автентичноста и да добие на видливост. Тоа би било, исто така, во паркот. Ние редовно го одржуваме, но, за жал, постојат многу несовесни жители, кои го сквернават и валкаат – потенцира Стојкоски за весникот ВЕЧЕР.     

Вовчето „Пампурче“ е произведено во 1917 година. Има локомотива, два патнички и по еден товарен и сточен вагон, а своевремено, до 1952 година, сообраќало на релација Скопје – Охрид. Патувањето траело близу 20 часа, а тоа се движело со брзина од 8 до 9 километри на час. Подоцна, до 1972 година, „Пампурчето“, кое е од германско производство, било туристичка атракција и превезувало патници од Градскиот парк, преку Ѓорче Петров, до селото Глумово.

Денес, вовчето или она што е автентично останато од него, кое сообраќало на теснолинејката на релација Скопје – Охрид, до Ташмаруништа, Струшко, како експонат стои во паркот во Ѓорче Петров, близу местото каде што била некогаш железничката станица „Ѓорче Петров“.

Втората парна локомотива е пред железничката станица во Кичево. Двете достоинствено им се инаетат на годините и потсетуваат на некогашното свое „златно“ време.

Екпонатот на вовчето во Ѓорче Петров е отстапен од „Македонски железници“, кои го репарираа и го зачуваа. Тоа долго стоело во депото на „Македонски железници“, а во 2007 година, по барање на Општина Ѓорче Петров, било префрлено на денешната локација, под дебелите сенки во паркот. Вовчето денес стои како еден вид експонат, кој е од големо историско значење.

(А.П.)