Се подобрува патната инфраструктура во локалната економска зона Ограѓе

19

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Деновиве се асфалтираше на спојот на улиците „10“ и „1“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден.

-Станува збор за доста важен дел од овие две улици, затоа што е одголемо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на локалната економска зона Ограѓе, како и за растеретување на утринскиот сообраќаен метеж кај новото подрачно основно училиште „ГоцеДелчев“ во населбата Илинден, каде од сега ќе може да се користи како алтернативен пристап до училиштето – информираа од Општина Илинден.

Покрај асфалтирањето, на овој дел поставени се и цевки под коловозот, со цел одведување на атмосферските води.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура како еден од главните приоритети за локален економски развој на Општината.