Собрани 2.562 килограми храна и хигиенски средства

37

Во рамки на збирната акција пред маркетите во Скопје, Штип и Битола, што изминатиов викенд ја организаираше хуманитарната организација „Свети Спас“, собрани се 2.562 килограми храна и хигиенски средства. Во Скопје собрани се 2.260 килограми, во Штип 136 килограми и во Битола 166 килограми храна и хигиенски средства.

Од хуманитарната организација „Свети Спас“ дека се пријатно изненадени од успершноста на акцијата, со оглед на тоа дека поголем дел од граѓаните беа на продолжен викенд.

Оттаму додаваат дека веќе почнуваат со подготовка на пакетите и распределбата на донациите до семејствата на кои таа им е најпотребна.