Захарова: Колку повеќе Киев слабее на терен, толку повеќе сака да се вклучи во криминал

0
85
EPA EFE ANATOLY MALTSEV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека колку повеќе слабее позицијата на Киев на терен, толку повеќе расте желбата на режимот во Киев да се вклучи во криминални активности.

„Сè се случува токму како што рековме претходно: колку режимот во Киев станува послаб на бојното поле, и покрај фактот што добива огромна финансиска и воена поддршка, толку повеќе се стреми да се одмазди со вклучување во криминални терористички активности“, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Таа им изрази поддршка на жителите на Раменској кои, како што наведе, биле изложени на „терористички напад од режимот на Киев“, пренесува Танјуг.

Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана соборија 14 украински беспилотни летала над московските населби Подолск, Раменскоје, Либерци, Домодедово и Коломна.

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со беспилотни летала на украинската армија во текот на ноќта врз Москва, соопшти гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.