Инцидентот што се случи пред натпреварот меѓу Мајами делфинс и Џексонвил јагуарс во НФЛ-лигата крена голема прашина во Америка.
Неколку часа пред почетокот на натпреварот, најдобриот играч на Мајами, Тајрик Хил, беше уапсен пред стадионот поради брзо и несовесно возење.
На видеото, кое крена голема прашина преку Барата, може да се види како употребуваат полицајците прекумерна сила, го соборуваат Хил на земја и му ставаат лисици.
BREAKING: The Tyreek Hill body cam footage has been released. And it is about as disgusting as you would expect:
— Emmanuel Acho (@EmmanuelAcho) September 9, 2024
Еден од тројцата полицајци што ја уапсија НФЛ-ѕвездата по инцидентот е суспендиран на неодредено време, а директорката на полицијата, Стефани Даниел, рече дека ќе започне внатрешна истрага.
Хил беше ослободен набргу по инцидентот и успеа да стигне на натпреварот. И не само тоа, тој беше еден од најзаслужните за победата на својот тим против Џексонвил (20:17).
По тачдаунот што го направи, реши да ја провоцира полицијата, па го прослави одличниот потег имитирајќи лисици. По натпреварот, отворено проговори за инцидентот што се случи.
- Не бев груб, бидејќи мајка ми не ме воспита така. Не пцуев. Ништо од тоа. Не сакам да ја споменувам расата во целата приказна, но понекогаш е некако сомнително. Што ако не бев Тајрик Хил? Бог знае што ќе ми направеа тој човек и другите. Сигурен сум дека го направив она за што ме советуваше вујко ми во такви ситуации: „Само слушај, стави ги рацете на воланот и слушај“ – вели Хил.