Давкова и Муцунски патуваат за Софија, ќе го гледаат “Набуко” но ќе се сретнат и со Радев?

84

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во петок ќе присуствува на гостувањето на Македонската опера и балет во Софиската опера и балет. Нашата Опера во главниот град на Бугарија ќе се претстави со „Набуко“ од Џузепе Верди.

За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари и билатерална средба со својот домаќин, претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, неофицијално дознава ТВ21. Тие се очекува заедно да седат во публиката, но според непотврдени информации, претседателката ќе биде придружувана и од двајца министри за време на својата посета.

Се очекува тоа да бидат министерот за култура Зоран Љутков, но и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, за кои засега не е потврдено дали ќе остварат официјални средби со своите бугарски колеги.

Инаку, едно од првите појавувања на Сиљановска Давкова откако стапи на функцијата, беше токму на гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје, каде го потенцираше значењето на културната дипломатија.