На четворица млади мажи од српска националност кои беа уапсени во неделата околу полноќ во Северна Митровица, полицијата им одредила 48 часовен притвор, потврди за Косово онлајн заменик-полицискиот командант Петрит Фејза.
„Уапсените се во станица во Јужна Митровица, одреден им притвор од 8 часа и се чека да пристигне обвинителот кој ќе им земе изјави и од него зависи како ќе го квалификува случајот и натамошниот процес на овој случај“, рече Фејза.
Тој претходно за Косово онлајн изјави дека „четворица возрасни навредувале, а потоа нападнале двајца полицајци на шеталиштето во Северна Митровица“.
Од ноќеска на интернет кружат видеа од апсењето, а некои граѓани тврдат дека овие млади момчиња биле тепани пред и за време на апсењето.
Косовската полицијата негира дека имало примена на сила, но нагласува дека таа има право да употреби сила доколку лицето кое е предмет на апсење даде отпор или бега.
Фејза додаде дека еден од полицајците е повреден, а уапсените се испратени на лекарски преглед. Сепак, родителите на младите за Косово онлајн изјавиле дека младите биле „насилно приведени“ и дека не ја знаат нивната состојба.
View this post on Instagram