Кавадарчанка ја нападнала мајка си со тврд предмет

50

Kавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си, денеска рано изутрина, потврди за МИА доктор Мирослав Нерков од Брзата помош.

– Ние, како екипа на Итната медицинска помош, заминавме на самото место, веднаш по јавувањето. Жената имаше повреда на главата, голема исеченица и оток на местото на ударот. Имаше крв секаде во собата. Ја однесовме во кавадаречката болница – појасни Нерков.

Од СВР Велес го потврдија случајот.