Дел од трговците во државава изјавија дека е краток периодот за да се приспособат на Законот со кој треба да се намалат профитните маржи на над 2.500 производи на максимум 10 отсто. Тие сметаат дека треба да почне да се применува Законот кога ќе заврши календарската година, кога се прават годишните договори, за да имаат доволно време за имплементирање. Ставот на набавувачите и на производителите е дека е потребно повеќе време за да се информираат и да се прецизираат некои одредби од Законот. Економистите се скептични дека ќе се стави ред со цените во маркетите, со Законот со кој се намалуваат маржите. Тие сметаат дека оние што заработуваат, нема лесно да се откажат од овие пари.
Владата размислува за замрзнување на цените на прехранбените производи откако се виде дека трговците не се подготвени да почнат да го применуваат Законот за нефер трговски практики од 28 септември. Дел од трговците во државава изјавија дека е краток периодот за да се приспособат на Законот со кој треба да се намалат профитните маржи на над 2.500 производи на максимум 10 отсто. Тие сметаат дека треба да почне да се применува Законот кога ќе заврши календарската година, кога се прават годишните договори, за да имаат доволно време за имплементирање.
Ставот на набавувачите и на производителите е дека е потребно повеќе време за да се информираат и за да се прецизираат некои одредби од Законот. Економистите се скептични дека ќе се стави ред со цените во маркетите, со Законот со кој се намалуваат маржите. Тие сметаат дека оние што заработуваат, нема лесно да се откажат од овие пари.
Од бизнисот велат дека се свесни оти мора да почне да се применува Законот, но се согласуваат околу фактот дека треба да се прецизираат некои одредби од него и дека треба време за тоа. Сметаат дека доколку е потребно, треба да се одложи неговата примена.
– Мелничко-пекарската индустрија е подготвена за примена на Законот за нефер трговски практики, односно на новите правилници со пониски маржи од 10 отсто. И трговците на големо и трговците на мало си имаат свој есап, но мора да се постапи по правилниците и да се намалат маржите. Во суштина, трговците на мало треба да ги намалат маржите. Разликата во маржите на тие 20 отсто плус е меѓу трговците на големо и трговците на мало. Со тоа што мора да се има предвид дека некои производи се со пониски маржи и имаат само 6 отсто маржа – изјави за весникот ВЕЧЕР Горан Малишиќ од Здружението на малничко-пекарската индустрија.
Тој смета дека Закон за нефер трговски практики ќе ги намали цените кај производите кај кои се пресметуваат огромни маржи, но не кај сите. Во изминатите денови, коморите излегоа со различни ставови за Законот.
Првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески, прво испрати писмо до премиерот Мицкоски во кое бараше измени на Законот и негово пролонгирање, но веќе следниот ден испрати нов допис во кој наведува дека се откажуваат од барањата во претходното писмо. Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на Северозападна Македонија се согласуваат со Азески за некои нешта, но со дел од барањата не. Од СДСМ велат дека неконтролирано продолжуваат да растат цените во Македонија и оти Владата треба да ги замрзне цените. Инаку, Србија ја спроведува акцијата „Подобри цени“ со над 700 поевтини производи, а Црна Гора ги ограничи маржите во трговијата на големо и на мало за повеќе прехранбени и хигиенски производи.
(А.С.)