Одложеното жалбеното рочиште на Трамп, ќе се одржи по изборите

52
epa11589861 Former US president Donald J. Trump (front) arrives to a press conference in the lobby of Trump Tower in New York, New York, USA, 06 September 2024. Trump discussed a hearing he attended earlier in the morning to appeal the recent 5 million USD jury verdict against Trump that found him liable of sexually abusing writer E. Jean Carroll. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Њујоршкиот судија Хуан Меркан одобри одложување на жалбеното рочиште на Доналд Трамп за по претседателските избори на кои тој учествува, па тоа ќе се одржи на 26 ноември, неколку недели откако ќе бидат фрлени последните гласови во гласачките кутии.

Ова му даде олеснување на републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави додека истовремено водел изборна кампања и се борел со последиците од пресудата на првостепениот суд кој го товари дека и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната вонбрачна секс афера кога тој прво се кандидираше за претседател.

Со таа пресуда тој стана првиот поранешен претседател на САД кој е осуден за кривично дело.

Во врска со барањето за ослободување на Трамп врз основа на одлуката на американскиот Врховен суд за претседателски имунитет, судијата Мерџан одлуката за ова ја закажа за 12 ноември, исто така по претседателските избори.

Во вторникот, федералниот суд го отфрли барањето на адвокатите на Трамп да им го одземе случајот на судијата Меркан и државниот суд во Њујорк и да го префрли судењето на федерално ниво.

Доколку тој трансфер беше успешен, адвокатите на Трамп ќе бараа случајот да биде отфрлен врз основа на претседателскиот имунитет.

Трамп, кој во моментот на случајот за кој беше прогласен за виновен, сè уште не беше претседател на САД, ја обжали одлуката на федералниот суд.