Вучиќ навлече боксерски ракавици и порача: „Има многу посилни, но не и поупорни“!/ФОТО

77
Фото: Instagram

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше гостин на боксерската школа БК „Рокица“ и БК „Волцци од Дрина“ во Лозница.

Во оваа прилика тој се огласи на својот официјален Инстаграм профил и порача:

– Знаев дека боксот не е спорт за мене. Има многу посилни, но не и поупорни – стои во објавата.

 Претходно, претседателот Вучиќ присуствуваше на јуниорскиот тренинг на Кошаркарскиот клуб „Лозница“ каде се испроба во улогата на тренер.