Пад на извозот, зголемен увозот, трговски дефицит од 1,92 милијарди евра се најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика.
Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4,568 милијарди евра и бележи пад од 7,7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 6,49 милијарди евра што е за 0,8% повеќе во споредба со истиот период лани. Тоа значи дека трговскиот дефицит во истиот период изнесува 1,92 милијарди евра, односно покриеноста на увозот со извоз изнесува 70,4%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – јули 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.