Светските цени на храната благо паднаа во август во споредба со јули, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Пад има на цените на месото (кај живината, свинското и овчото месо), потоа кај шеќерот и житото, а во исто време е забележан и раст на растителните масла и млечните производи.

Растителните масла поскапеа и индексот на цените на овие производи месечно се зголеми 0,8%, особено поради повисоките цени на палминото масло, кои растат веќе три месеци по ред. Најмногу поскапува просечната цена на млечните производи, 2,2% месечно. Во август е забележан значителен пораст на цените на путерот, како и на обезмасленото млеко, сирењето и другите производи.