Шетал Деви во двојка со сонародничката Ракеш Кумар го освоија бронзениот медал во стрелаштво на Параолимписките игри во Париз.
Деви не само што беше најмлада во тоа натпреварување, туку стана апсолутен хит и миленичка на спортската јавност. Причината е што таа е единствената што гаѓа стрела без раце.
Оваа девојка родена во 2007 година со фокомелија, нарушување кое се карактеризира со отсуство на делови од рацете или нозете. Во нејзиниот случај, поради неразвиеноста на надлактицата или подлактицата, раката и е прикачена директно на рамото.
Таа исто така одлучила да се занимава со спорт во кој техниката е од големо значење, а за време на една од сесиите за стрелање направила совршен удар. Со тоа веднаш стана вирален хит.
Имено, Деви прво со десната нога ја подигна стрелата од земја и ја подготви за стрелање, а потоа со совршен удар погоди во целта. Во таа прилика таа ги користеше нозете (го држеше лакот) и устата (ја држеше стрелата).
-Би сакала да испратам порака до родителите на лицата со посебни потреби. Ве молиме поддржете ги вашите деца, тие се способни за сè и можат да освојуваат медали. Јас сум пример за тоа, изјави Деви.