Подготовката е толку тешка и одзема многу време што веќе 300 години само жени од едно италијанско семејство можеа да ги подготват овие тестенини.
Сардинија е дом на некои од најстарите традиции во светот, особено гурманските. Жителите на тоа место сè уште зборуваат „Сардо“, најблиската жива форма на латинскиот јазик, а старите баби внимателно ги набљудуваат дојденците под превезите што самите ги извезле.
Во скромниот стан во градот Нуоро живее 62-годишната Паола Абраини, која секое утро се буди во седум часот за да почне да прави су филинде, најреткиот вид тестенини на светот. Колку е таен нејзиниот рецепт говори и тоа што освен неа, само уште две жени знаат да го подготват – свекрвата и нејзината внука. Никој не знае како започнало производството на оваа паста, но повеќе од 300 години рецептот се пренесува од жена на жена во семејството Абраини и секоја има обврска строго да го зачува рецептот.
Колку е вкусен и интересен овој вид тестенини, покажа тимот од познатата фабрика Barilla, кој дојде во Сардинија да ја дознае тајната на su filindeu, но никогаш не успеа да ја репродуцира техниката користејќи машини.
Едно време, Џејми Оливер го посети семејството Абраини и се осмели да ја научи тајната подготовка, но по два часа се откажа велејќи: „Правам тестенини 20 години и никогаш не сум видел вакво нешто“.
„Многумина мислат дека имам тајна што не сакам да ја откријам“, вели со насмевка Абраини и додава дека нема никаква тајна, односно дека тајната е во нејзините раце. Таа објаснува дека тестенините се прават со нежно влечење со врвовите на прстите и натрупување на брашното од тврда пченица во дури 256 совршено еднакви ленти. Потоа се протега дијагонално низ кружната форма на нишки тенки како игла во сложена шема со три слоја.
Подготовката е толку ешка и одзема толку многу време што садот се сметаше за свет. На верниците им беше послужен по 33-километарскиот аџилак од Нуор до селото Лула на празникот Свети Фрањо. За октомвриската прослава, која трае три дена, Абраини подготви доволно филинде за да нахрани 1.500 аџии. Таа прави тестенини околу пет часа дневно, а резултатот се 50 килограми неверојатно вкусни тестенини. За уште поголема прослава во мај ќе подготват четири пати поголема количина.
„Тестенините имаат само три состојки – тврда пченица, вода и сол“, вели Абраини додека енергично го меси тестото напред-назад. Но, бидејќи сè се прави со рака, најважната состојка е физичкиот напор. Погледнете како се прават тестенините: