Се реконструира зелениот појас од десната страна на кејот на Вардар

49

Почна реализирањето на проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар.

Од Град Скопје информираат дека реконструкцијата ќе се одвива во повеќе фази, со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило.

-Се започнува со обновување на зелениот појас на кејот на реката Вардар, од мостот „Генерал Михајло Апостолски“, до мостот „Близнак“, во должина од над 1.500 метри, при што се поставува нова хидрантска мрежа и се формира над 12.000 квадратни метри нова зелена површина.