ООУ „Свети Кирил и Методиј“ од оваа учебна година е побогато со седум нови смарт табли и со 10 клима- уреди, кои ќе го подобрат образовниот процес.
Од Општина Центар информираат дека дел од овие набавки се реализирани со поддршка од Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион, општествено одговорни компании и буџетот на Општината. Покрај тоа, со донација од општествено одговорна компанија, доопремена е сензорната соба за децата со попреченост.