Реал (М) имаше подготвен нокаут за најголемиот ривал

648
epaselect epa11549261 Real Madrid's team celebrate with the trophy after winning the UEFA Super Cup soccer match between Real Madrid and Atalanta BC, in Warsaw, Poland, 14 August 2024. EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Винисиус Жуниор и понатаму е главна тема во фудбалските медиуми. Веќе со денови се пишува дека крилниот напаѓач и „кралскиот клуб“ ќе добијат неморална понуда од еден клуб кој се натпреварува во Саудиска Арабија. Неофицијално, на Реал (М) ќе му бидат понудени најмалку 500 мил. евра за обештетувањето, а на Вини милијарда евра за 4-годишниот договор.

Дека има вистина во таквите шпекулации говори и фактот дека Реал (М) веќе имал план кој ќе се реализирал ако го продадеше Вини, а истиот тој план ќе значеше и „нокаут“ за најголемиот ривал, Барселона.

Реал (М) во тој случај ќе го купеше човекот за кој нивниот ривал сонува со месеци. Станува збор за Нико Вилијамс.

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао долго се споменуваше како засилување на Барселона, наводно бил на чекор до трансфер, но потоа решил да остане во Баскија.

Новинарот Петон во утринската програма на „El Chiringuito“ истакна дека Реал има подготвен договор со Вилијамс во случај да се случеше „невозможниот“ трансфер на Вини Јуниор.

„Доколку Винисиус заминеше, Нико Вилијамс ќе беше негова замена во Реал (М)“, откри Петон и продолжи:

„Саудијците кружат околу Винисиус. 500 милиони, милијарда за играчот за четири или пет години. Ако во секој случај се се случеше брзо, Реал експресно ќе го ангажираше Нико Вилијамс. Беше невозможно Барселона да си дозволи таков договор, но Флорентино Перез има можност да понуди многу повеќе пари и да ја заврши зделката“.

Петон очигледно намерно ја провоцира Барса со оваа „потенцијалниот трансфер“, а доказ се следните негови зборови.

„По трансферот на Вилијамс во Реал (М), Лапорта ќе беше разочаран и на крајот ќе се пензионираше. Ќе станеше свесен дека нема што повеќе да прави“.

Трансферот на Виникус Јуниор сигурно нема да се случи летово, сепак, Арапите ќе продолжат со понудите, па се е отворено за 2025 година.