Руски кит „шпион“ пронајден мртов крај норвешкиот брег

149
screenshot Youtube

Кит белуга со прекар Хвалдимир, кој првпат беше виден во Норвешка во близина на руските територијални води со електронска јака за која се верува дека се користи за шпионажа за Русија, беше пронајден мртов минатиот викенд.

Норвешката јавна телевизија НРК објави дека татко и син рибари пронашле тело на кит како лебди во заливот Рисавика на југот на Норвешка во саботата, пишува Гардијан.

Китот со кран е изваден од водата и со брод е пренесен на вештачење до блиското пристаниште.

Хвалдимир, комбинација од норвешкиот збор за кит, „хвал“ и името на рускиот претседател Владимир Путин, првпат беше забележан на северниот брег на Норвешка во 2019 година.

Неговиот околувратник направен со нешто што личи на држач за камера со натпис „Опрема Св. Петербург“, ги почна шпекулациите дека се работи за „шпионски кит“.

Норвешките власти рекоа дека Хвалдимир можеби избегал од заградениот простор и бил обучуван од руската морнарица, бидејќи се чини дека е навикнат на луѓе.

Москва никогаш не одговори на овие шпекулации.