Реал (М) ќе прифати милијада евра за Винисиус

2124
epa10131196 Real Madrid's striker Vinicius Junior celebrates after scoring the 1-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Celta Vigo and Real Madrid held at Balaidos Stadium, in Vigo, northern Spain, 20 August 2022. EPA-EFE/Lavandeira

Доколку Реал (М) ја прифати понудата што ќе пристигне на неговата адреса, тогаш ќе бидат срушени сите можни рекорди во фудбалската историја.

Имено, медиумите од Шпанија тврдат дека во наредните денови еден од клубовите од Саудиска Арабија ќе понуди дури 500 мил. евра за Винисиус Јуниор.

Бразилецот е запознаен со интересот од Саудиска Арабија, но и со тоа колкава плата би можел да има, но се уште не се знае каква ќе биде неговата одлука.

Доколку ја прифати понудата, крилниот напаѓач за пет години би заработил милијарда евра и би станал заштитно лице на Саудиска Арабија за организација на Мундијалот во 2034 година.

Официјалната понуда се уште не е пристигната на адресата, но шпанските медиуми тврдат дека челниците на Реал (М) се свесни за се и само ја чекаат понудата.

Дополнително, „ESPN“ објави дека менаџерите на Бразилецот ги информирале челниците на Реал (М) дека не се заинтересирани за продолжување на договорот бидејќи Винисиус сака да размисли дали ќе го напушти клуб на крајот на сезоната.

Саудијците сакаат да го искористат моментот за да го доведат Винисиус и да го стават во центарот на кампањата за организација на СП кое во оваа земја ќе се одржи во 2034 година.

Деталите за неверојатната понуда ги донесе и бразилски Глобо. Имено, на Винисиус му бил понуден петгодишен договор според кој би заработил една милијарда евра, што е 13 пати повеќе отколку во Реал (М).

Тоа би значело дека Винисиус би заработувал 23 илјади евра за минута, а 3,8 милиони евра неделно.

Саудијците дури му нудат на Винисиус да стане слободен играч во 2029 година, за да може бесплатно да се врати во Европа во своите најдобри играчки години.

Наводно, од Реал (М) испратиле јасен одговор дека нема да се согласат на понуда од 500 мил. евра, туку сакаат Саудијците да му ја платат откупната клаузула која е 1 милијарда евра.