Француски медиуми: Дуров бил во контакт со француското контраразузнавање

620

Основачот на Телеграм, наводно, одбил да им даде на Французите информации кои се воена тајна, но сепак отворил специјални официјални канали за комуникација со француските разузнавачки структури за борба против тероризмот, наведува „Либерасјон“.

Основачот на Телеграм, Павел Дуров, на сослушување во Париз признал дека бил во контакт со француски контраразузнавачи, како и дека се сретнал со нив во Дубаи, пишува „Либерасјон“.

Како што јави ТАСС, Дуров ги информирал агентите на француските контраразузнавачи дека „би било несоодветно да открие информации што претставуваат воена тајна“.

Сепак, француските медиуми не прецизираа кои точно се тајните.

Изворот од Либерашон понатаму наведува дека Дуров рекол дека за борба против тероризмот „отворил официјален канал за комуникација со Главната дирекција за внатрешна безбедност на Франција“ кој вклучува телефонски контакт и специјална е-маил адреса за комуникација со Французите.

Да потсетиме, Дуров на почетокот на месецов беше уапсен во Париз, веднаш по слетувањето од Азербејџан.

Потоа беше ослободен со кауција од пет милиони евра под услов да не ја напушти Франција.

Адвокатот на основачот на Телеграм тврди дека обвинувањата се неосновани.

Француските власти, да потсетиме, го обвинуваат за повеќе кривични дела, меѓу кои и одбивање соработка со властите, соучесништво во кривични дела сексуална злоупотреба на деца и трговија со дрога, како и соучесништво во „администрација на интернет платформа“ што ја користи организирани банди за вршење нелегални трансакции. Последното кривично дело предвидува казна затвор до десет години и парична казна од 500.000 евра.

Дуров е државјанин на Франција, ОАЕ, Сент Китс и Невис, како и на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е подготвена да му помогне на Дуров, но додаде дека милијардерот е способен да изгради сопствена правна одбрана.