Маја Неделковска-Брзанова – нова директорка на Националната галерија

110

Маја Неделковска-Брзанова е нова директорка на Националната галерија. Таа доаѓа на позицијата на Дита Старова-Ќерими, која ја водеше оваа институција од 2015 година.

Дита Старова-Ќерими, во објава на Фејсбук, упати честитка до новоизбраната директорка, на која ѝ посака успех во работата. Потенцира оти со својата досегашна заложба на чело на оваа институција, верува дека успеала да ја оправда укажаната доверба.

– Ве известувам дека ја завршив мојата мисија како директор на Националната галерија на С Македонија. Со мојата досегашна заложба на чело на оваа институција, верувам дека успеав да ја оправдам укажаната доверба. Заедно реализиравме многу дела и проекти за зачувување, негување и унапредување на културата и уметноста, како големо богатство на нашата земја – напиша Старова-Ќерими.