Привршуваат подготовките на основните училишта во Аеродром пред почетокот на новата учебна година. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, вчера ги посети основните училишта „Гоце Делчев и „Љубен Лапе“.
При тоа, ООУ „Гоце Делчев“ има целосно нови елементи за кујната во која истовремено можат да се опслужат околу 50 ученици. Исто така, уреден е и дел од училишниот двор, кој е приспособен за безбедна игра и дружење на најмалите ученици.
ООУ „Љубен Лапе“ новата учебна година ќе ја почне со нови, современи смарт-табли кои се донација. Училиштето во текот на летниот распуст доби и две дополнителни училници, со што е зголемен капацитетот за прием на ученици.
-Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да инвестира во сите училишта еднакво, а на сите ученици и наставници им посакуваме успешна нова учебна година – соопштија од локалната самоуправа.