Мистериозната златна топка откриена на морското дно и по една година ги мачи научниците!

159

Американските истражувачи, проучувајќи го дното на океанот во близина на брегот на Алјаска, открија мистериозна златна топка. Откритието го објави публикацијата „Livescience“.

Научниците внимателно ја допреле топката со помош на подводен робот, иако постоело сомневање дека некој или нешто може да излезе од дупката на топката.

Сепак утврдено е дека површината на топката е мека. Успеале да ја подигнат на површина со помош на вшмукување. Самото откритие се случило минатата година, но оттогаш научниците не најдоа одговор на главното прашање: какво суштество е ова, пишува веб-страницата „planet-today.ru“.

Дијаметарот на топката е приближно десет сантиметри, а таа била закачена за карпа на длабочина од околу 3,3 илјади метри.

Членовите на експедицијата веќе почнаа да објавуваат верзии за потеклото, како на пример дека можеби тоа се необични остатоци од корали или сунѓер, заклучија некои.

Други веруваат дека тоа е јајце на непознато животно. Но, ако е така, тогаш јајцето го снело големо животно. И зошто има само едно? Во гнездото обично има неколку јајца, пренесува сајтот „planet-today.ru“.

Повеќе од една година научниците се обидуваат да ја откријат мистеријата за ова откритие, но единственото нешто што со сигурност се знае е дека има биолошко потекло, пренесува сајтот „focus.ua“.