Две лица загинаа по експлозија на гума на авион „Делта Боинг“ на меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон Атланта.
Еден вработен во компанијата „Делта“ и изведувачот загинале на лице место, додека трето лице се здобило со тешки телесни повреди.
Инцидентот се случил во делот за одржување на аеродромот во вторник непосредно по пет часот наутро, јавуваат американските медиуми.
Боингот 757 пристигна во Атланта од Лас Вегас во неделата вечерта, објави WSB-TV.
Инаку, Делта е одговорна за одржување на сите авиони на авиокомпанијата, а Атланта служи како нејзино глобално седиште, опслужувајќи повеќе од 200 линии ширум светот.
Инцидентот се случи само неколку месеци откако друг „Делта Боинг“ го загуби носното тркало додека се обидуваше да полета од истиот аеродром.