Медведев ја повика Франција да го приведе и Закерберг по апсењето на Дуров

36

Медведев ја повика Франција да го приведе Зукерберг по апсењето на Дуров
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предложи денеска, откако сопственикот на Телеграм, Павел Дуров беше приведен во Франција, властите на таа земја да го приведат и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг за активностите на таа социјална мрежа, каде што како што рече, слични работи им се случуваат и на оние за кои е обвинет Дуров.

„Нека го уапсат Закерберг кога ќе дојде кај нив, истото се случува и на Фејсбук“, рече Медведев на средбата со кандидатите на партијата Единствена Русија за избори на различни нивоа, коментирајќи го притворот на Дуров.

Тој посочи дека апсењето на Дуров во Франција е политичко прашање и покрај демантот на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ова е политичка приказна, што и да каже Макрон таму, дека тоа е чисто правно прашање, дека не може да се влијае на одлуката на судот“, рече Медведев.

Медведев додаде дека сега ситуацијата околу притворот на Дуров во Франција „наликува на политички прогон на оние структури и оние типови на информациски бизнис кои функционираат на еден или друг начин во интерес на Руската Федерација“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за РИА Новости дека Москва испратила нота во која бара пристап до бизнисменот, но Париз го смета неговото француско државјанство за главно.

Основачот на Телеграм има пасоши на Руската Федерација, на Франција, на Обединетите Арапски Емирати и на Сент Китс и Невис, пренесува Танјуг.