Црна Гора: Уапсен е руски државјанин осомничен за искористување деца за порнографија

40

Полициската управа (УП) на Подгорица соопшти дека е уапсен рускиот државјанин И.С. (40), кој е осомничен дека искористувал деца за порнографија.

„Преземање континуирани активности со цел сузбивање и идентификација на лица поврзани со извршување на кривични дела од областа на високотехнолошкиот криминал, службениците на Полициската управа, Сектор за борба против криминалот – Група за сузбивање на кривични дела на високотехнолошки криминал во соработка со службениците на Регионалниот центар за безбедност „Центар“, Одделението за обезбедување Подгорица го идентификувале лицето И.С. што е поврзано со извршување на кривичното дело искористување деца за порнографија“, се наведува во соопштението на Полициската управа.

Како што се додава, се сомнева дека И.С. ова кривично дело го сторил на тој начин што подолг временски период континуирано прибавувал и поседувал порнографски слики и аудиовизуелни содржини од детска порнографија и ги ставал на располагање на други лица.

„За собраните податоци и известувања е известен надлежен државен обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, кој наредил лицето И.С. лишен од слобода. Во рамки на горенаведените активности извршен е претрес во станот и другите простории што ги користел осомничениот И.С, при што се пронајдени и одземени повеќе дигитални уреди“, наведуваат од УП.

Како што заклучуваат, службениците на Полициската управа во наредниот период ќе дадат целосен придонес за сузбивање на сите видови криминал, со посебен акцент на гонење на лицата чии криминални активности ја загрозуваат најранливата категорија на општеството, децата.