НАСА одлучи: Двајцата астронаути заглавени во вселената од јуни ќе се вратат дома дури во  февруари

55

НАСА одлучи да го врати вселенското летало „Старлaјнер“ на „Боинг“ на Земјата без астронаутите Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои моментално се заглавени во Меѓународната вселенска станица.

Тие ќе можат да се вратат дома дури во февруари со летот Драгон со екипаж на „Спејс Х“, на кој ќе има две слободни места за нив.

Претставници на вселенската агенција рекоа дека има „преголема неизвесност“ за астронаутите да се вратат на леталото што ги донесе до вселенската станица, Старлајнер на „Боинг“, кој имаше проблеми откако капсулата пројави мали протекувања и некои од нејзините потиснувачи откажаа.

Вилмор и Вилијамс се во вселената од јуни.

-Вселенскиот лет е ризичен, дури и кога е најбезбеден и најрутински. Пробниот лет, по природа, не е ниту безбеден, ниту рутински. Одлуката да ги задржиме Буч и Суни на Меѓународната вселенска станица и да го вратиме „Старлајнер“ на „Боинг“ дома без екипаж е резултат на нашата посветеност на безбедноста: нашата основна вредност и нашата Северна ѕвезда“, рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

Вилмор и Вилијамс ќе ја продолжат својата работа формално како дел од екипажот на Експедицијата 71/72 до февруари 2025 година. Тие ќе летаат дома со вселенското летало Драгон со уште двајца членови на екипажот, доделени во мисијата на агенцијата Спејс Х кру-9. Се очекува Старлајнер да тргне од вселенската станица и да изврши безбедно, контролирано автономно повторно влегување и слетување на почетокот на септември.