Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака

85

Општина Илинден и ЈКП „Водовод“- Илинден започнаа со изградба на нова линија за фекална канализација во населба Јака, во вкупна должина од околу 300 метри, со која ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината.

-Со изградбата на оваа линија 95% од населбата ќе биде покриена со фекална канализација. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 250 – информираа од Општина Илинден.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, со изградбата на фекалната канализација во населба Јака, се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден – истакна градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да работи на обезбедување на квалитетна комунална инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во локалната заедница.