Скопската градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, објави дека биле изречение пет казни на физички лица за формирање на дива депонија. Исто така, таа посочи дека и на булeварот „Никола Карев“ се изречени казни и дополни дека организирана група од други градови истура огромна количина смет во Скопје. На снимката што ја објави Арсовска се гледа како лице од комбе со таблички од Струмица исфрла голема количина на смет покрај контејнерите во Скопје.
-На улицата „Јуриј Гагарин“ кај Македонска куќа изречени се пет казни на физички лица за непрописно одлагање отпад и формирање дива депонија. Исто така на булеварот „Никола Карев“ на локација позната како пластичарска улица, во акција опфатени се осум правни лица на кои им се издадени задолженија кои ако не ги исполнат во наведенио рок се соочуваат со глоба од 9.000 до 60.000 евра – пишува Арсовска.
Во истиот период исчистени се критичните точки во градот каде од организирана група лица од други градови се истура огромна количина на смет.