Килијан Мбапе никогаш не криел дека од детството е навивач на Реал (М) и дека неговиот сон е еден ден да заигра во белиот дрес, а тој сон конечно се оствари.
Французинот по седум години реши да го напушти ПСЖ и тоа го направи како слободен играч откако му истече договорот.
Во Париз беа лути што Мбапе си замина на таков начин и без никакво обештетување, а пред една година челниците на ПСЖ се обидоа да заработат што повеќе пари од неговата продажба.
ПСЖ минатото лето го понуди овој напаѓач на Реал, но Флорентино Перез не сакаше да плати над 150 мил. евра бидејќи знаеше дека една година подоцна ќе го добие Мбапе без никакво обештетување.
Челниците на ПСЖ минатото лето беа бесни на Мбапе, а дури му се заканија дека воопшто нема да игра доколку одбие да го напушти клубот за време на трансферот прозорец минатата година.
Сепак, Мбапе не ги сфати сериозно тие закани и беше во право бидејќи минатата сезона беше редовен во стартниот тим, а на крајот замина во Реал (М).
Колку ПСЖ беше очаен говори податокот дека пред една година на секој начин раководните лица се обидуваа да го продадат и да заработат, а прифатија две понуди.
Една година подоцна беше објавено дека минатото лето ПСЖ ја прифатил понудата на Ал Хилал кој понудил речиси 200 мил. евра за Мбапе, а дополнително ја прифатиле понудата на еден англиски клуб.
Понудата од Англија беше финансиски полоша, но сепак одлична во однос на слободното заминување на Мбапе. Очигледно тоа беше понуда од Ливерпул која ја прифати и ПСЖ, но Мбапе не сакаше ниту да слушне за тоа.
Иако Саудијците му понудија нереални пари за да дојде, тој категорично ги одби исто како и понудата од „црвените“, а неговата намера беше јасна уште на самиот старт, а тоа е да замине во Реал (М) кога ќе истече договорот.