Макрон на 29 и 30 август доаѓа во Белград, потврди Елисејската палата

61
EPA EFE ANGELO CARCONI

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во Белград на 29 и 30 август, при посетата во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија, соопшти денеска Елисејската палата.

По официјалната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Париз во април, посетата ќе биде можност шефовите на држави да разговараат за економијата, здравството, енергијата, културата и вештачката интелигенција, велат истите извори.

Поздравувајќи го Вучиќ во Франција, Макрон изјави дека иднината на Србија е во Европската унија и „никаде на друго место“, пренесе Бета.

Тој ги повика Белград и Приштина „секој да го направи својот дел“ и да постигнат напредок на патот кон нормализирање на односите.