Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест е последниот клуб кој се вклучи во трката по потписот на мексиканскиот интернационалец од редовите на холандскиот гигант Феенорд, Сантијаго Хименез. Од претходно се знае дека робусниот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да си замине од Ротердам само доколку официјалната понуда за неговото обештетување не биде помала од 50 мил. евра.