Поранешниот Формула 1 возач, Дејвид Култхард, смета дека Макс Верстапен, кој е актуелен шампион, е најдобриот возач кој го имал тимот на Ред Бул, иако во минатото оваа екипа своевремено го имаше и Себастијан Фетел, кој дојде до четири светски титули.
- Макс, Макс, Макс, тоа би биле моите први три места. Мислам дека Верстапен е без конкуренција. Иако има една титула повеќе (Фетел – 4, а Верстапен – 3), Себастијан би го ставил на второто место, изјави Култхард.
На третата позиција го смести Австралиецот Марк Вебер, кој седум години беше дел од Ред Бул.
Формула 1 шампионатот продолжува викендов со Големата награда на Холандија.