Силно водно торнадо се формираше во морската област кај Закинтос додека невремето ги погоди Јонските острови од понеделникот попладне.
Импресивната природна појава, како што јави Protothema, е забележана на морето од страната на градот Закинтос.
Овој феномен се јавува во деновите со голема жештина и влажност. Главната причина за оваа појава е големата разлика во температурата помеѓу водните површини и повисоките слоеви на атмосферата.
Вителот меѓу Килини и Закинтос на видео го снимил жител на Закинтос, а феноменот настанал поради ненадејно невреме кое ја зафати Грција, особено нејзиниот западен дел.
Видео снимката е направена од областа Агиос Хараламбос, која се наоѓа веднаш до градот Закинтос.
Погледнете видео од овој импресивен природен феномен: