Ѕвездата на Манчестер Сити, Кајл Вокер мораше да се пресели во станот кој е во сопственост на шампионот на Премиер лигата, откако неговата сопруга, Ени Килнер, одби да му дозволи да се врати во нивниот дом. Како што пишува британскиот таблоид „The Sun“, 34-годишниот фудбалер кој заработува 150.000 фунти неделно е одличен на зелениот терен, но не и на семејниот терен. Приватниот живот на англискиот фудбалер останува хаотичен откако беше откриено дека тој е татко на второ дете со поранешната љубовница Лорин Гудман.
Вокер, кој може да се пофали дека заработува 27 мил. фунти годишно и поседува две вили вредни речиси 4 мил. фунти, моментално не може да живее ниту во едната, бидејќи во едната живее неговата лута сопруга Ени Килнер (31), а во другата Лорен. Кајл, тврди Сан, се надевал дека ќе се врати кај Ени и нивните четири деца по заедничкиот семеен одмор по ЕП 2024
Очигледно беше толку уверен дека Ени и овој пат ќе попушти, па дозволи да му истече шестмесечен закуп на луксузниот имот од 3 милиони фунти во кој се вселил кога Ени го избркала по Божиќ. Сепак, тој сега е сместен во клупскиот комплекс CitySuites.
“Тој престојуваше во апартманите кои се во сопственост на клубот бидејќи нема каде да оди. Мислеше дека Ени ќе се врати кај него по заедничкиот семеен одмор, но таа не се согласи. Сакаше да врати некои од неговите работи, но таа го блокираше. Се уште се обидуваат да ги решат работите“, изјави извор за The Sun.
Сопругата на Вокер му рекла да ги спакува куферите откако Лорин ѝ испратила порака на 27 декември во која пишувало: „Еј, тука е Лорин. Само сакав да те известам дека Кајл е татко на мојата ќерка“. Ени, која беше во тешка бременост со нивното четврто дете Резон, објави дека се разделуваат две недели подоцна.
Во ексклузивното интервју за The Sun набргу потоа, Кајл јавно и се извини на сопругата. Тој зборуваше за неговата желба да го спаси својот брак и ја опиша Ени како своја „сродна душа“. И се чинеше дека работите одеа кон помирување бидејќи Ени го бодреше Вокер на стадионот „Итихад“ додека Сити ја освојуваше новата титула и присуствуваше на сите натпревари на Англија на ЕП 2024 во Германија. Но, на еден од натпреварите дојде и Лорин со нивниот четиригодишен син Каиро. Сепак, семејството замина на одмор во Турција по ЕП, а потоа во нивната вила во популарниот Аберсох, Северен Велс, каде го прославија 31-от роденден на Ени. Кајл се надеваше дека ќе го прими назад, но персоналот не му дозволи на возачот да ги донесе работите на фудбалерот пред вилата.
Зградата од 16 ката беше отворена во 2017 година и клубот поседува два ката кои редовно ги користат играчите и менаџерот Пеп Гвардиола. Жителите имаат пристап до голем спа центар и 24-часовна теретана.