Британската пејачка Рита Ора изминатиот викенд го поминала на аеродроми и летови бидејќи таа и нејзиниот сопруг, како што напишала, „го обиколиле светот за 24 часа“.
Поводот бил роденденот на нејзиниот сопруг, а Рита на Инстаграм ги покажала сите модни комбинации што ги избрала за тој викенд.
View this post on Instagram
Сепак, една фотографија особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели.
На неа Рита позираше во црвена, чипкаста долна облека, а под гаќичките носеше црни хулахопки.
Во предизвикувачкото издание таа прошета низ аеродромот, по настапот во Романија, а пред летот помина низ безбедносната проверка. После тоа се качила во приватен авион и со сопругот тргнала на пат.
View this post on Instagram
Парот уживаше во концертот, а на една фотографија споделија и бакнеж.