Утре започнува со работа пливачкиот базен „Карпош”

1128

Од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ информираат дека пливачкиот базен „Карпош” ќе започне со работа од 19 август (понеделник), односно пливачките клубови и рекреативците ќе можат непречено да ги користат услугите.

– Завршени се поголемиот дел интервенции низ целиот објект и во моментов се спроведуваат последните подготовки за пуштање во негова употреба. Благодараме за разбирањето во изминатиот период. Се гледаме на базен – споделија надлежните.