Руските државни медиуми јавуваат дека вулканот Шивелуч еруптирал по земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот брег на Русија.
Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град Петропавловск-Камчатски, каде живеат околу 180.000 луѓе, пишува CNN.
„Според визуелните проценки, колоната од пепел се издигнува на дури 8 километри надморска височина“, јави ТАСС утрово, додавајќи дека вулканот исфрлил лава.
Според Американскиот геолошки институт (USGS), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 48 километри и на околу 88 километри оддалеченост од Петропавловск-Камчатски.
ТАСС наведува дека по земјотресот нема информации за поголеми штети, но дека властите превентивно ја проверуваат безбедноста на зградите во околните области.
Полуостровот Камчатка е едно од сеизмички најактивните области во светот поради дејството на пацифичките и северноамериканските тектонски плочи.