Увозот на работници од Непал, Пакистан и Бангладеш не го реши проблемот, никој не сака да работи за плата од 500 евра

-Долги години квотата за увоз на странски работници беше 5.000 годишно, од лани се зголеми на 7.000, а од оваа година на 20.000 вклучувајќи ги оние кои ги градат „Бехтел и Енка“. Тоа го направи претходната влада за да се увезат повеќе работници за изградба на коридорите. Беше предвидено да има посебен камп за странски работници, но до денес ниту се изгради кампот, ниту ги видовме тие работници. Она што го гледаме на терен е дека има нешто работници од Турција и Албанија кои работат во градежништвото и од Непал и Бангладеш во текстилната индустрија и во угостителството и туризмот. Меѓутоа, тоа не е онаа бројка која ја ветуваше претходната влада и која ја очекувавме, изјави за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, потпретседател на Сојузот на синдикати на Македонија

3037

Увозот на странски работници не го реши проблемот со недостигот на работници. И покрај тоа што квотите за увоз на странски работници се зголемија од 5.000 на 7.000 дозволи годишно, работници нема. Увезените работници од Непал, Бангладеш, Пакистан остануваат тука само по 2-3 месеци и заминуваат во европските земји, бидејќи никој не сака да работи за плата од 500 евра. Земјава ја гледаат само како отскочна даска за влез во Европа.

-Долги години квотата за увоз на странски работници беше 5.000 годишно, од лани се зголеми на 7.000, а од оваа година на 20.000 вклучувајќи ги оние кој ги градат „Бехтел и Енка“. Тоа го направи претходната влада за да се увезат повеќе работници за изградба на коридорите. Беше предвидено да има посебен камп за странски работници, но до денес ниту се изгради кампот, ниту ги видовме тие работници. Она што го гледаме на терен е дека има нешто работници од Турција и Албанија кој работат во градежништвото и од Непал и Бангладеш во текстилната индустрија и во угостителството и туризмот. Меѓутоа, тоа не е онаа бројка која ја ветуваше претходната влада и која ја очекувавме, изјави за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, потпретседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Голем дел од увезените работниците од Непал, Бангладеш, Пакистан остануваат тука само по 2-3 месеци и заминуваат од државата, бидејќи никој не сака да работи за плата од 500 евра.

-Работодавачите од приватниот сектор кој се жалеа дека нема работници и оти ќе увезат и ќе го решат проблемот, тоа не се случи. И нив им ги нудат истите плати и услови како на домашните работници, поради што тоа тие не остануваат тука долго. По неколку месеци заминуваат во европските земји, а Македонија ја користат само како транзит земја. Реално фалат работници и во тие дејности каде што сме увезле, што покажува дека проблемот не е решен, додава Пешевски.

Од ССМ појаснуваат дека никој од странските работници не се обратил кај нив да се пожали за платата или условите, од друга страна, пак кога ќе се обидеме да ги најдеме на терен или во Агенцијата за вработување не ги добивме иако податоците за регистрирани работници, Агенцијата мора да ги има. Од друга страна, тоа покажува дека или си заминале или се кријат, бидејќи поголем дел од нив работат на црно.

Од Агенциите за посредување при вработување проблемот го гледаат во самиот начин на носење на овие лица, за кој сметаат дека е несоодветен.

-Заминувањето на дел од странските работници се должи на фактот дека увозот на работна сила не е доволно коректен и е оркестриран и организиран од страна на одредени групи. Регрутацијата, наместо агенции кои имаат лиценци ја прават луѓе од улица, кои влегуваат во меѓународните води каде што миграцијата е постојана. За вработување лица од Непал нудат пари. Тоа е невозможно. Ако некој треба да ги покрие трошоците за тие лица, тоа е самиот работодавач од Македонија, велат од агенциите за посредување при вработување.

Познавачите на состојбите велат дека Македонија за овие лица е транзит земја на патот до Европа. Кога ќе видат дека со 500 евра не можат да го поминат месецот, зошто би останале овде кога платата која ќе ја земат во европските земји е тројно повисока.

Сепак, во Охрид летово може да се забележат странски работници, особено во хотелите каде работат жени од Непал и Бангладеш. Земаат плата од 500 евра која е повисока од онаа што ја земаат во нивните матични земји која се движи од 100 до 200 евра, а имаат и обезбедено храна и сместување па платата им останува чиста.

(А.С.)